Растот на популарноста на екстремната десница ги зголемува шансите за враќање на Нетанјаху на премиерската функција

Од:

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, како лидер на опозицијата, негува надеж дека на петите предвремени парламентарни избори во последните четири години, што ќе се одржат во вторник, на 1 ноември, тој ќе успее врати на власта во Израел.

Растот на полуларноста на екстремната десница потенцијално ги зголемува шансите и очекувањата на Нетанјаху, лидер на конзервативната партија Ликуд, кој е премиер со најдолг стаж во историјата на еврејската држава.

Ривал на Нетанјаху на изборите ќе му биде актуелниот премиер на преодната израелска Влада, Јаир Лапид, која беше формирана минатата година од осум различни партии, а во која има и левичари и десничари и центристи и, за првпат во историјата на Израел, мала исламска арапска партија.

За оваа коалиција клучна беше желбата Нетанјаху да биде симнат од власта и затоа во неа немаше никаква идеолошка врска, па сега Лапид се бори да преживее.

Нетанјаху се надева дека по претходните 12 последователни години на власт, или вкупно 15 во неговата политичка кариера, ќе ги убеди гласачите дека тој е единствениот политичар со потребното искуство да владее со земјата, иако во моментов му се суди за корупција.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Ликуд ќе биде најсилната партија во Кнесетот, но патот до премиерската функција нема да биде воопшто лесен, бидејќи, како и досега, зависи од тоа дали ќе успее да коалицира со најмалку 61 од вкупно 120 пратеници.

За Нетанјаху тоа значи сојуз со партиите на ултраортодоксните Евреи и екстремно десничарската алијанса Религиозен ционизам, чија популарност расте, судејќи според анкетите на јавното мислење.

Анкетите покажуваат дека центристичката партија на Лапид, Јеш Атид (Има иднина) е зад Ликуд, а експертите од Блискиот Исток велат дека тој може да ги обедини само членовите на Кнесетот кои се против Нетанјаху.

Врз основа на израелскиот изборен систем, партиите мора да освојат најмалку четири пратенички мандати за да влезат во Кнесетот. Неколку партии се обидуваат да го сторат тоа, вклучително и трите израелски арапски партии кои се против Нетанјаху.

Излезноста се очекува да биде висока и покрај заморот на гласачите од честите избори, изјавија израелски анкетари за новинската страница Ал-Монитор.

По гласањето во вторник, политичката криза, што почна уште во април 2019 година, нема да биде завршена, бидејќи коалициските преговори може да траат со недели, а доколку не успеат, за неколку месеци повторно ќе има избори.

Доколку повторно стане премиер, Нетанјаху (73) би можел да биде ослободен од обвиненијата за корупција, со поддршка на верскиот ционизам, кој најави промени во судскиот систем.

Доколку остане во опозиција, Нетанјаху би можел да преговара за спогодба со обвинителството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас