Расте бројот на заразени во светот, во Индија 73.272 новозаразени

Од:

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 37.225.441 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.074.153 пациенти, а оздравеле 27.955.158 луѓе.

-Во последните 24 часа, според податоците на здравствените институции во БиХ со коронавирус се заразени 432 лица, а регистриран е и еден смртен случај.

Од почетокот на пандемијата до денеска во Федерацијата БиХ, коронавирусот им бил потврден на 19.764 лица, од кои 585 умреле.

-Во Словенија во последното деноноќие се потврдени уште 380 нови случаи на коронавирус од 4.362 тестирани примероци, што значи дека 8,7 проценти од испитаните биле заразени, се гледа од новите владини податоци.

Ова е четврти ден по ред, дневниот број на новоинфицирани да надминува 300, а бројот на хоспитализирани продолжува да расте. Во текот на изминатиот ден умреле уште две лица од последици на коронавирусот, пренесе СТА. Од почетокот на епидемијата, во Словенија се регистрирани 8.252 случаи на коронавирус, а 167 починале.

-Во последните 24 часа, во Индија се регистрирани 73.272 случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број е заразени ндостигна речиси седум милиони од почетокот на епидемијата.

Министерството за здравство на Индија денес објави дека 926 лица умреле како резултат на инфекцијата, или вкупно досега во земјата има 107.416 фатални случаи.

-Денеска во Холандија е регистриран рекорден број на новоинфицирани со коронавирус во еден ден, речиси 6.500.

Владата предупреди дека ќе биде принудена да воведе нови ограничувања низ целата земја доколку викендов не се намали бројот на нови инфекции и приеми во болница, пренесуваат британските медиуми.

-Во последните 24 часа во Србија се потврдени уште 168 нови случаи на коронавирус, а едно лице умре.

Од почетокот на епидемијата во Србија се заразени 34.685 лица, од кои 762 умреа.

-Во изминатите 24 часа во Португалија се потврдени 1.646 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата, објавија здравствените власти.

Британските медиуми јавиваат дека оваа земја, во која живеат 10 милиони луѓе, за првпат од април запишува повеќе од 1.000 нови инфекции за еден ден.

Досега во Португалија се регистрирани 85.574 случаи на коронавирус, а умреле 2.067 лица.

-Во Австрија во последните 24 часа е забележан нов рекорден број на новозаболени лица – 1.235. Најголем број новоинфицирани се уште има во Виена – 511.

Во последните 24 часа бројот на умрени се зголемил за 10, достигнувајќи вкупно 852 од почетокот на епидемијата.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер оцени дека развојот, како во Австрија, така и во цела Европа, е загрижувачки, особено во Австрија со бројот на пациенти во домовите за стари лица. Тој апелираше до граѓаните да се придружат на сите мерки, потенцирајќи дека, доколку сите учествуваат во неа, оваа криза може да се надмине.

-Во последните 24 часа во Косово се потврдени 80 нови случаи на коронавирус, од тестирани 566 примероци, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина.

Институтот на Фејсбук соопшти дека од Ковид-19 умреле уште четири лица.

-Во последните 24 часа во Грција се регистрирани 306 нови случаи на Ковид-19, а починаа уште пет лица.
Од почетокот на епидемијата, заразени се 22.078 лица, а починаа 436.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти 35 нови случаи на Ковид-19, од 3.414 направени тестови, со што бројот на заболени се зголеми на 1.984 лица.

-Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 165 новозаразени со Ковид-19, од направените 960 тестови.Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 102 пациенти, додека починале три лица. Од почетокот на март,кога беа потврдени првите случаи, до сега, направени 97.703 тестови, позитивен резултат е добиен кај 15.231 лице, оздравеле 9.406, додека умреле 416.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски