Расте бројот на ученици во Австрија чиј мајчин јазик не е германскиот

Од:

Бројот на ученици во Австрија на кои германскиот не им е мајчин јазик е зголемен во минатата школска година и истовремено е регистрирано намалување на бројот на ученици во државата.

Во австриските школи запишани се околу 234.000 ученици на кои германскиот не им е најчин јазик, се вели во студија на Медиен-Сервисштеле.

Тоа одговара на податок од околу 21 отсто од вкупниот број деца во Австрија.

Бројот на деца на кои германскиот не им е мајчин јазик е зголемен во однос на претходната година за 7.700, односно еден отсто. Најголем дел од тие деца се во Виена – 46 отсто, а најмалку во Корушка – 11 отсто. Во Виена две третини од ученици во основно зборуваат друг мајчин јазик.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче