Ракетите на Северна Кореја може да дофрлат до Аљаска

Од:

Заканата на Северна Кореја дека ќе ги нападне градовите на територијата на САД предизвика шпекулации за вистинските воени капацитети на таа земја. Експертите се едногласни во оценката дека Пјонгјанг е далеку од совладување на технологијата на лансирање ракети со голем дострел.

Воените експерти се огласија откако КЦНА, севернокорејската новинска агенција, објави фотографија од вонреден состанок на младиот водач Ким Јонг Уна со воените советници, а во позадина се гледа мапа на која пишува „План на удари на стратешките сили на американскиот континент“.

raketi-dometНајголем интерес предизвикаа патеките на проектилот со долг дострел што водат до Хаваите, Вашингтон, Лос Анџелес и Остин, главниот град на Тексас.

Иако Северна Кореја навистина има нуклеарни боеви глави, таа се уште не успеала да ги намали до таа мера да можат да се постават на врвот на проектилите со голем дострел. Пјонгјанг во моментов има шест типови на ракети во различни фази на развој. Оние кои се оперативни – „хвасонг 5“, „хвасонг 6“ и „родонг“ – имаат домет од 500 до 1.300 километри и ни блиску не можат да ја достигнат американската територија. Единствена оперативна ракета со голем дострел е “мусудан”, која има радиус до 4.000 километри.

Единствено таа би можела да ги достигне американските бази на островот Гуам и во Јапонија, оцени Брус Клингнер, поранешен аналитичар на ЦИА, кој сега работи во Фондацијата “Херитиџ”.

Единствена вистинска закана за американската почва би претставувале ракетите

“Таеподонг 1” и “Таеподонг 2”, кои теоретски би можеле да ја погодат Алјаска. Меѓутоа, тие се во експериментална фаза. “Таеподонг 2” е тестиран само еднаш, и после само 40 секунди лет, проектилот се урна.

Иако армијата на Северна Кореја не би можела да ја порази Јужна Кореја и американските сили, би можела да нанесе жртви слични на оние од првата светска војна, смета аналитичарот Брус Клингнер. Околу 10.000 парчиња артилериско оружје во демилитаризираната зона може да го погоди Сеул и да предизвика многу жртви.

Конвенционалниот напад би подразбирал и употреба на хемиско оружје.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња