Рахој: Шпанија нема да признае независност на Косово

Од:

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој изјави дека Шпанија нема намера да признае независност на Косово, без оглед на договорот за нормализација на односите, кој е постигнат помеѓу Белград и Приштина, во Брисел.

Приштинските медиуми ја пренесоа вчерашната изјава на Рахој, дека ставот на Шпанија за прашањето, за признавање на независност на Косово, нема да се промени.

-Тој став го имаме веќе неколку години и тој нема да се промени. Тоа значи дека ние нема да признаеме независност, бидејќи Шпанија не верува во едноставно признавање -изјави Рахој.

Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе по вчерашниот состанок со косовската министерка за европски интеграции, Фљора Читаку нагласи дека одлуката за признавање или непризнавање на независност ќе ја донесе сама Шпанија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија