„Радио Свобода“: Петр Нечас смета дека членките на „Пуси Рајот“ не се никакви борци за слобода и човекови права

Од:

Членките на руската панк група „Пуси Рајот“ не се никакви борци за слобода и човекови права, туку осквернавија православен храм и за тоа беа прилично строго казнети.

Ова, како што пренесе „Радио свобода“ го изјавил чешкиот премиер на прес-конференција во Москва. Притоа, Нечас на новинарите им рекол дека не треба да создаваат лажни идоли, јави дописникот на МИА од Прага.

– Господинот Нечас се намурти, но го потврди својот претходен став, пишува на својата интернет страницата руското радио.

Инаку, Нечас минатата година изјави дека поддршката на тибетскиот духовен лидер Далај Лама или руските активистки може негативно да влијае на чешкиот извоз.

Нечас исто така одговорил и на хипотетичко прашање за забрана за влез во Европската унија, кој може да се изрече кон оние кои во Русија ги кршат човековите права.

За Нечас, одлучувањето според моделот на т.н „Магнитски закон“ не може да се применува на национално ниво, тукукоординирано во сите земји на ЕУ.

„Магнитскиот закон“ е реакција на американскиот Конгрес да ги стави на „црната листа“ лицата за кои САД тврдеа дека се вмешани во неразјаснетата смрт на адвокатот Сергеј Магнитски, кој ги истражуваше случаите на наводна корупција во руските државни претпријатија.

„Радио Свобода“ додава дека поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел се залагаше Чешка да ги прифаќа политичките бегалци, кои сакаа да се скријат од „прогонот на режимот на Путин“.

Според Нечас, неговата земја нема специјална програма за примање на политички емигранти од Русија и секој може да бара остварување на правото на азил одделно.

– Со неговото однесување, чешкиот премиер даде до знаење дека прекумерното внимание кон темата за човековите права може да им наштети на економските односи меѓу Чешка и Русија. Критиката на чешкото Министерство за надворешни работи, ниту на бранителите на човековите права не беа залудни, заклучува „Радио Свобода“ во анализата.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија