Радикалната левица подготвува гласање на доверба за Јункер во Европскиот парламент

Од:

Радикалната левица во Европскиот парламент се обидува да поднесе резолуција со која ќе треба да се бара да му се изгласа недоверба на Комисијата предводена од Жан-Клод Јункер, по откривањето на аферата „Луксликс“ за системот за масовно избегнување на плаќањето на данок во Луксембург, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Претседателот на Европската комисија, изгледа директно погоден од оваа афера бидејќи таа се однесува на времето кога тој беше премиер на Луксмбург.

Во соопштението за печатот, групата на Обединетата европска левица и Нордиската зелена левица, испратија повик до другите европратеници од другите политички групи да им се приклучат со цел да изгалсаат недоверна на новата Европска комисија, која да потсетиме беше избрана пред нецел месец.

Оваа политчка група на Европскиот парламент брои 52 европратеници од 14 земји членки на ЕУ, за да нивната резолуција се најде на дневниот ред таа има потреба од 76 потписници, но притоа тие најавија дека нема да прифатат потписи од ниту еден европратеник кој доаѓа од редовите на крајната десница.

Германската европратеничка, претседателка на парламентарната група објасни дека скандалот со „Луксликс“ е „само јасен пример за прифаќањето меѓу европските влади на еден легален систем за избегнувањето на данокот и даночното затајување“.

Сакандалот избувна на 5 ноември, откако Меѓународниот конзорциум на новинари ја објави анализата на 28.000 страници доверливи документи, која покажа дека 300 компании транзитираа стотици милијарди долари преку Луксмебург за да го избегнат плаќањето на даноци.

Според заменик претседателот на Обединетата европска левица и Нордиската зелена левица, Малин Бјорк, сега е потребно да се премине во акција.

Ако не се делува, тоа значи да му се остави отворена карта на Јункер и на сите компании за да продолжат со политиките на агресивно даночно затајување.

Жан-Клод Јункер засега нема одговорено на барањата на европратениците да се објасни пред нив за оваа афера.

Повеќе гласови во Европа се подигнаа и бараат оставка од новизбраниот претседател на Европската комисија, а според некои извори иницијално објавувањето на анализата била предвидена за во средината на октомври, но поради доцнење тоа било одложено. Исто така некои извори за Еуроактив изјавиле дека целта на оваа анализа не била да се сруши претседателот на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија