Радек Шикорски останува претседател на полскиот Парламент

Од:

Претседателот на полскиот Парламент, Радек Шикорски успеа денеска да се спаси од обидот на една пратеничка група да го смени од неговата функција, бидејќи изнел неточно тврдење дека рускиот претседател Владимир Путин предложил Русија и Полска да ја поделат Украина.

Шикорски, кој до неодамна беше шеф на полската дипломатија и е познат по остриот став кон Русија, ќе остане на својата функција, откако за него гласале 240 пратеници, 146 биле против, а 48 се изјасниле воздржано.

Тој неодамна, во интервју за „Политико“, истакнал дека Путин предложил Русија и Полска да ја поделат Украина, но веднаш потоа го демантирал.

Шикорски првично тврдел дека оваа понуда била изнесена на состанокот меѓу поранешниот полски премиер Доналд Туск и Путин во 2008 година во Москва.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата