Рација во џамија во Швајцарија, четири лица се уапсени

Од:

Четири лица се уапсени денеска за време на рација спроведена во три стана и една џамија во Винтертур, град во северна Швајцарија, а меѓу нив е и имам од Етиопија, соопшти канцеларијата на обвинителството во Цирих.

Тие се уапсени под сомнеж за поттикнување насилство.

Имамот на џамијата наводно повикал на убиство на муслимани, кои одбиваат да учествуваат во молитвите, што е пријавено во полиција.

Станува збор за џамијата „Ан Нур“, за која постои сомнеж дека е поврзана со радикалните исламисти.

Швајцарската разузнавачка служба проценува дека од 2001 година 77 лица мотивирани од џихадот ја напуштиле земјата и заминале во зоните на судири, повеќето во Ирак и во Сирија.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски