Путин: Жалам што порано не ја нападнав Украина

Од:

Русија требаше порано да започне активни акции во Украина, но долго време се обидуваше да го реши конфликтот по мирен пат и се потпираше на чесноста на своите противници, изјави претседателот Владимир Путин во интервју за новинарот Павло Зарубин. Видеото од интервјуто е објавено на каналот Телеграм на Кремљ.

„Единственото нешто за што можеме да жалиме е што не ги започнавме нашите активни акции порано, верувајќи дека имаме работа со пристојни луѓе“, рече Путин опишувајќи ја ситуацијата околу Украина, пренесува руската државна прорежимска агенција ТАСС.

Путин рече дека Русија во првата фаза се обидела да го реши конфликтот во Донбас по мирен пат, односно со договорот од Минск.

„Подоцна се покажа дека сме измамени во врска со тоа, бидејќи и поранешната германска канцеларка и поранешниот француски претседател отворено признаа во јавноста дека никогаш не планирале да ги исполнат договорите.

Наместо тоа, тие купуваа време да му достават повеќе оружје на режимот во Киев, што е токму она што го направија“, рече Путин, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски