Путин: Во Украина нема руски војници

Од:

Рускиот претседател Владимр Путин денеска за време на т.н. „Директна линија“, традиционалното одговарање на прашања на руските граѓани што дирекно се емитува на телевизиите и радијата, уште еднаш ги отфрли обвинувањата на Киев дека Русија испраќа свои војници во источна Украина и дека им помага на проруските сепаратисти.

– На прашањето дали има или не наши војници во Украина, категорично одговарам: во Украина нема руски војници, изјави Путин.

Кака што јави ТАСС, рускиот претседател при тоа ја обвини Украина дека го изолира регионот на Донбас, па луѓето со сила се борат за своите права.

Путин ги негираше гласините дека украинскиот претседател Петро Порошенко барал од него Русија да го окупира реонот Донбас. – Статусот на Донбас треба да го определат неговите жители, а раководството во Киев треба да покаже мудрост и флексибилност, порача Путин.

Рускиот претседател одговарајќи на прашањата на граѓаните, убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов го оцени како „трагично и срамно“, при што ги пофали безбедносните служби што ги уапсиле извршителите на ова злосторство по само неколку дена.

Путин говореше и за испораката на ракетните системи С-300 на Иран, нагласувајќи дека подготвеноста на Техеран за договор со Западот околу иранската нуклеарна програма, ја натерало Русија да го одмрзне спроведувањето на договорот за достава на ова оружје за противвоздушна одбрана.

– Сега по напредокот околку иранската нуклеарна програма, кој е очигледно позитивен, не гледаме никаква причина да продолжиме со едностраното запирање на испораката (на С-300), истакна Путин.

На прашањето околу одлуката на многу странски лидери да не присуствуваат на парадата во Москва по повод Денот на победата над фашизмот, Путин рече дека го почитува нивниот избор, нагласувајќи сепак дека таквото нивно решение е срамно.

– Тоа е избор на конкретен политичар, избор на државата што ја претставува… Едни не сакаат (да дојдат) по сопствен избор, а на други тоа не им го дозволува Вашингтон, рече Путин.

Тој нагласи и дека Западот треба да ги почитува интересите на Русија доколку сака нормализација на односите со Москва.

– На САД не им требаат сојузници туку вазали, а Русија никогаш нема да прифати таква улога, истакна Путин во „Директната линија“.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски