Путин со честитки за победата на Макрон

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на францускиот претседател Емануел Макрон за неговиот реизбор и тоа што ја порази кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен, соопшти денеска Кремљ.

„Искрено ви посакувам успех во вашите државни активности, како и добро здравје и благосостојба“, рече Путин во телеграмата до Макрон, според соопштението од Кремљ.

Макрон беше еден од ретките западни лидери кои стапија во контакт со Путин откако Москва ги распореди своите војниците во Украина, поминувајќи часови на телефонски разговори обидувајќи се да преговара за решение на конфликтот.

Но, иако ги држи отворени своите дипломатски канали кон Москва, Франција под Макрон се приклучи на баражот меѓународни санкции кон Русија воведени поради воената кампања.

Макрон обезбеди победа над Ле Пен во вториот круг гласање во текот на викендот, победувајќи ја својота екстремно десничарска ривалка, која беше обвинета за врски со Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски