Путин ѝ се закани на Украина: „Отворија Пандорината кутија“; ќе следи жесток удар

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина со нападите врз руската економска инфраструктура „ја отворила Пандорината кутија“ и најави руски напади врз најчувствителните сектори на украинската економија, пренесува Ројтерс.

Украина летово ги засили нападите со дронови врз руската економска инфраструктура, вклучително и рафинерии за нафта, со цел да ги уништи објектите за кои тврди дека се важни за водењето на руската војна. Русија одговори со напади врз украинската економска инфраструктура, вклучително и објекти поврзани со извозот на украинското жито преку Црното Море.

„Киевскиот режим се обиде да ѝ наштети на нашата економија и со тоа ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор кој ќе ги погоди нивните најчувствителни економски сектори“, изјави Путин за руската државна телевизија.

Путин наведе дека руските напади, кои го загрозија украинскиот земјоделски извоз, нема да предизвикаат недостиг на храна на светскиот пазар, бидејќи Русија ќе може да надомести дел од украинскиот извоз, и покрај украинските напади врз руската инфраструктура за извоз на жито.

„Имаме потешкотии со испораката на нашата стока, но ќе ги решиме тие проблеми. Затоа, на светскиот пазар нема да има недостиг“, изјави Путин.

Русија и Украина претходно се придржуваа до договор постигнат со посредство на Турција, со кој беше овозможен безбеден извоз на жито преку Црното Море. Русија се повлече од тој договор во 2023 година.

Рускиот претседател повтори и дека Москва е отворена за мировни преговори, но само врз основа на „реалноста на теренот“, а не, како што рече, врз основа на „егзотичните“ предлози што Украина ги доставила преку посредници.

Би можело да ве интересира

Хаос на нафтениот пазар: Дронови запалија саудиски нафтени постројки, загрозена главната извозна рута

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“