Путин: Русија планира да ги извезува своите вакцини

Од:

Русија планира да ги извезува своите вакцини против коронавирусот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на видеосамитот на Азиско-пацифичкото економско партнерство (АПЕК).

-Се разбира, главниот приоритет е здружувањето на напорите во борбата против коронавирусот, а Русија има што да им понуди на своите партнери и пријатели, рече Путин, пренесе Тасс.

Путин посочи дека Русија во оваа сфера има стекнато сериозно научно, па дури и клиничко искуство.

Во Русија се развиени и регистрирани две вакцини – „Спутник V“ и „ЕпивакКорона“. Третата вакцина се наоѓа во завршна фаза од тестирањето, потсети Путин.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски