Путин: Регистрирана е и втора вакцина против коронавирусот ЕпиВакКорона

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави регистрација на втората руска вакцина против коронавирусот и скорeшна регистрација на трета.

– Би сакал да почнам со добрата вест дека Новосибирскиот центар Вектор регистрираше уште една руска вакцина против коронавирусот ЕпиВакКорона, изјави рускиот претседател на состанокот со членовите на Владата.

– Колку што знам, имаме и трет кандидат, вакцина од Центарот Чумаков при Руската академија на науките, рече Путин.

Државниот истражувачки центар за вируси и биотехнологија Вектор при Сојузната служба за надзор на правата на потрошувачите и човечката благосостојба го овласти руското Министерство за здравство на 24 јули да спроведе клинички испитувања на својата вакцина врз волонтери.

Вакцината беше официјално лиценцирана на 30 септември.

Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имуни и биолошки производи Чумаков од Руската академија на науките на 19 октомври ќе почне клинички испитувања на вакцината против Ковид-19 во Киров и Санкт Петербург.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирусот, наречена „Спутник V“.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија