Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Од:

Кремљ поставил нов рок до кој руските сили треба да воспостават контрола врз целата Доњецка област во Украина, но руската војска смета дека рокот е нереален и бара повеќе време, тврди заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, Павло Палиса.

Според него, руското политичко раководство поставило уште еден рок за целосно заземање на Доњецката област – до крајот на 2026 година.

Руската војска бара рокот да биде поместен до 31 март 2027 година, пренесува РБК-Украина.

Тој наведе дека за руските планови, како и за причините поради кои тие не се реализирани, се разговарало за време на неодамнешната средба на украинското раководство со Стив Виткоф и Џаред Кушнер, специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според податоците на Институтот за проучување на војната (ISW), извор близок до Кремљ во пресрет на посетата на американската делегација во Москва и Киев изјавил дека мировен договор, наводно, не е можен пред да биде освоена целата Доњецка област.

Според истиот извор, рускиот претседател Владимир Путин е уверен дека руската војска може да ја исполни оваа задача до крајот на 2026 година.

Би можело да ве интересира

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Горан Наумовски

Украина: 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија по масовните руски напади

Горан Наумовски

Републиканците се бунтуваат против Трамп, му испратија писмо

Катерина Ѓуровски

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија