Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Од:

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, денеска изјави дека раководството во Киев е „слепо, изгубено и во паника“ без американските разузнавачки податоци, оценувајќи дека таков развој на настаните бил очекуван поради – како што тврди тој – несоодветниот однос на украинските власти кон нивните сојузници.

„’Зелената вошка’ е незадоволна поради недостигот на разузнавачки информации од Американците. Без нив, тој е слеп, изгубен и во паника. А што очекуваше? Кога се однесуваш арогантно кон своите спонзори, тие се лутат“, напиша Медведев на социјалните мрежи, а пренесе „Спутник“.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп не е како поранешниот германски канцелар Олаф Шолц и не сака да биде предмет на потсмев или да трпи напади од оние што ги нарече „пијавици“.

Претходно денеска, коментирајќи ги последиците од руските напади врз Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не добила разузнавачки информации во врска со лансирањето балистички ракети.

Медиумите подоцна објавија дека американската страна го припишала отсуството на овие информации на неповолните временски услови.

Би можело да ве интересира

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

(ВИДЕО) Судир меѓу граѓани и Националната гарда во Киев: Демонстранти сакаа да влезат наводен таен воен затвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 26 загинати во руски напад врз хуманитарен центар: „Ова е ужасна трагедија“

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Поранешен канадски премиер: Путин е интелигентен, манипулативен и навистина злобен човек