Путин очекува да продолжи соработката со САД за решавање на ситуацијата во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин останува заинтересиран и отворен за решавање на ситуацијата во Украина преку преговори и очекува да продолжи соработката со САД по ова прашање, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин, како и американскиот претседател Доналд Трамп, го задржува својот интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решение“, рече Песков во интервју за телевизијата „Русија 1“, објави денес ТАСС.

Песков рече дека Русија очекува „САД и претседателот Трамп лично да вложат напори да помогнат во ова прашање“.

„Па, тогаш ќе видиме што ќе произлезе од тоа“, рече Песков.

Тој додаде дека Обединетото Кралство детално го информирало Доналд Трамп, за време на неговата официјална посета на земјата претходно оваа недела, за своите планови да продолжи со притисокот врз Русија и дополнително да ги заостри санкциите.

Песков изјави дека „на претседателот Трамп веројатно многу му е кажано во Британија за нивните планови да продолжат да вршат притисок врз Русија, да продолжат да ги зголемуваат санкциите, нелегалните санкции, да продолжат да ја потиснуваат Русија на секој начин“.

Би можело да ве интересира

Трамп итно му се јавил на Путин

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Путин му порача на новиот ирански лидер: Вашата земја се соочува со вооружена агресија

Аракчи: Трамп ја потисна можноста за деескалација на конфликтот во регионот на Блискиот Исток

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина