Путин можеби подготвува замка за Вагнер предупредува Институтот за војна

Од:

Владимир Путин можеби им поставува замка на борците на Вагнер со тоа што ја претставува Белорусија како безбедно засолниште, соопшти американскиот Институт за проучување на војната. Рускиот претседател им рече на членовите на платеничката група дека имаат три опции по прекинатиот бунт: да продолжат да и служат на Русија, да се пензионираат и да живеат цивилен живот или да го следат нивниот лидер Евгениј Пригожин во Белорусија.

Но, Институтот за проучување на војната тврди дека Кремљ најверојатно ќе ги смета војниците кои пребегнале во соседна земја како предавници. ISW наведува дека приказната за Белорусија може да биде стапица за Вагнерците. Путин вети дека Вагнерците можат да одат во Белорусија, а вчера рече дека ќе го исполни ветувањето.

Но, долгорочната вредност на тоа ветување, и покрај говорот на Путин, е сомнителна, според ISW. Белорускиот претседател Александар Лукашенко и предаде на Москва 33 затворени борци Вагнер – „Нема очигледна причина зошто тој не би го повторил тоа“, соопшти ISW.

Би можело да ве интересира

Украина: Русите вчера загубија стотици војници

Украина: Досега уништивме 5.000 руски беспилотни летала

Пукна нафтовод во западна Украина, избувна голем пожар

Горан Наумовски

Медведев: Нема да застанеме додека не ги ослободиме старите руски земји

Русија регрутира сиромашни Кубанци да се борат во Украина

Горан Наумовски

Киев: Западот мора да ни каже колку долго ќе трае поддршката