Путин: Ердоган ги објасни целите на операцијата во Сирија, Турција го продолжи прекинот на огнот

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска на претседателот на Русија Владимир Путин му ги објасни целите на турската операција во Сирија.

– Господинот Ердоган детално ми ги објасни целите на турската воена операција долж границата со Сирија, изјави Путин после разговорот со Ердоган.

Рускиот претседател нагласи дека е важно „припадниците на терористичките организации, особено Исламска држава, кои ги држат курдските воени сили, а кои се обидуваат да избегаат, да не ја искористат акцијата на турските воени сили“.

Во меѓувреме, некои светски агенции, повикувајќи се на руски дипломати јавија дека „Турција ќе го продолжи прекинот на огнот во северна Сирија за уште 150 часа, или повеќе од шест дена“.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов