Путин: Единствено поддршката на Асад ќе ја реши кризата во Сирија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека единствениот начин да се стави крај на војната во Сирија е да му се даде поддршка на сирискиот претседател Бараш ал Асад во борбата против тероризмот.

Ова Путин го изјави во интервју, кое ќе биде емитувано в недела на телевизијата Си-Ен-Ен.

На коментар на новинарот од емисијата „60 минути“ дека стационирањето на руски воени сили во Сирија има за цел да го спаси Асад, рускиот претседател одговори: „Да, имате право“.

– Длабоко сум уверен дека сите активности во спротивната насока, кои имаат за цел да ја укинат легитимната Влада, ќе создадат ситуација, која веќе сме ја виделе во други земји, во тој или во други региони, на пример во Либија, каде се распаднаа сите државни институции, рече Путин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски