Првпат во историјата негативна референтната каматна стапка во Шведска

Од:

Шведската Државна банка ја намали рефернетната каматна стапка на негативни минус 0,1 проценти, јави дописникот на МИА од Шведска.

Тоа е првпат во историјата на Шведска референтната каматна стапка да биде спуштена на негативна вреденост. Државната банка истовремено соопшти дека е подготвена да купи државни обврзници за 10 милијарди шведски круни (повеќе од 1,1 милијарди евра).

Причината за овие необични мерки е натамошната ниска инфлација во земјата, а според шведската Државната банка, би можеле да бидат актуелни и натамошни намалувања на референтната каматна стапка.

– Доколку не биде доволно тоа што го правиме сега, сакаме да биде јасни дека можеме да направиме и повеќе, вели шефот на Државната банка Стефан Ингвес, укажувајќи на тековни промени на економски план.

Според Ингвес, постојат знаци кои укажуваат дека ниската инфлација во Шведска го има достигнато крајното минимално ниво, при што цените на прехрамбените продукти и на услугите постепено се зголемуваат.

Првите реакции во стручната јавност покажуваат поделени мислења.

– Одлуката на Државната банка изненадува и е избрзана, вели Ана Остер од банката „Ленсфорсекрингар“, додавајќи дека по се изгледа раководството на Државната банка е „изложено на голем стрес соочувајќи се актуелната ситуација“.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло