Првпат исплови најголемиот британски носач на авиони „Кралица Елизабета“

Од:

Најголемиот воен брод и носач на авиони „Кралица Елизабета“ денеска првпат исплови од бродоградилиштето Росит, во источниот дел на Шкотска.

Бродот е долг 280 метри и може да плови околу 800 километри дневно.

Изградбата на бродот траеше осум години и заедно со воениот брод „Приц“ од Велс претставува дел од одбранбената програма вредна шест милијарди фунти (околу 7,65 милијарди долари).

– Факт е дека тоа не се само бродови, тоа се поморски бази, кои имаат можност да вршат голем број функции и мисии, без разлика дали станува збор за борба со непријател или поддржување на британската индустрија во странство или дури и хуманитарна помош, изјави капетанот Џери Кид.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија