Претставници на Северна и на Јужна Кореја денеска ги одржаа првите официјални разговори во изминатите две години, соопшти Владата во Сеул.
Средбата во Панминџон во демилитаризираната зона се одржа неколку часа, откако претседателите на САД и на Кина, Барак Обама и Си Џинпинг едногласно објавија дека Северна Кореја треба да се откаже од својата нуклеарна програма.
Едночасовните косултации го отвараат патот кон средбата на министерство ниво меѓу двете држави, која треба да се одржи в среда.
Портпаролот на јужнокорејското Министерство за национално обединување изјави дека на разговорите биле разгледани детали за министерската средба, вклулчувајќи го и местото на нејзино одржување и големината на делегациите.
Сеул и Пјонгјанг во изминатите шест години немале контакт на министерско ниво.