Први избори во Зимбабве по смената на Роберт Мугабе

Од:

Во африканската држава Зимбабве денеска се одржуваат првите парламентарни и претседателски избори по смената од власт на долгогодишниот претседател на земјата Роберт Мугабе.

Околу 5,3 милиони граѓани имаат право на глас, а со одлука на Уставниот суд, граѓаните што живеат во странство овојпат нема да можат да гласаат.

За трката за претседател учествуваат вкупно 23 кандидати.

Мугабе (94) беше главно не се јавуваше во политичкиот живот од ноември минатата година, кога беше принуден да се повлече од функцијата. Но, вчера тој одржа прес конференција на која го обвини неговиот наследник Емерсон Мнангагва дека ја заробил државата и ги повика граѓаните да гласаат за неговиот најсериозен противкандидат Нелсон Чамиса.

Се смета дека повикот на Мугабе може да има ефект, особено во некои од изолираните делови на земјата каде што граѓаните се уште мислат дека тој е претседател.

Мнангагва вети дека изборите ќе бидат фер и првпат во изминатите 16 години повика странски набљудувачи на денот на гласањето. Тој изрази надеж дека по изборите ќе може да дојде до укинување на меѓународните санкции кон Зимбабве, кои беа воведени поради крешењето на демократијата во 37-годишното владеење на Мугабе, како и поради насилното протерување и преземање на имотите на преостанатите бели земјоделци во државата.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска