Првата жена претседател на Јужна Кореја положи заклетва

Од:

Парк Гун-хе, првата жена претседател на Јужна Кореја, положи денеска заклетва и се врати во претседателската палата, каде порасна заедно со својот татко, диктаторот Парк Чунг-хи.

Шеесет и едногодишната Парк беше избрана за претседател на изборите во декември, на кои учествуваше како кандидат на владејачката конзервативна партија „Сенури“. Таа положи заклетва пред десетици илјади лица пред Националното собрание во Сеул. На церемонијата присуствуваа високи претставници од странство, меѓу кои и советникот на американскиот претседател за национална безбедност Том Донилон, премиерката на Тајланд Инглук Шинаватра, јапонскиот заменик-премиер Таро Асо. На церемонијата јужнокорејскиот рапер Псај ја изведе позната песна „Гангам стајл“.

Парк ја повика Северна Кореја да се откаже итно од своите нуклеарни амбиции и да прекине да ги троши своите сиромашни ресурси за разработка на нуклеарно оружје.

– Инсистирам Северна Кореја да се откаже од своите амбиции и да тргне по патот на мирот и развојот, нагласи претседателката.

Парк во предизборната кампања вети дека ќе го омекне тврдиот курс на нејзиниот конзервативен претходник Ли Мјун-бак кон Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња