Полициска заштита за првата австриска министерка со босанско потекло

Од:

Новата министерка за правда на Австрија, Алма Задиќ, која е родена во Тузла, а како дете мигрирала во Виена, ќе добие 24-часовна полициска заштита. Причината за ова се заканите кои и ги праќаат екстремните десничари.

Задиќ веќе една недела е под закани, откако Партијата за слобода на Австрија (ФПО) го повика претседателот Александер Ван Дер Белен, да не ја прифати новата министерка за правда. На апелот на ФПО се приклучија и екстремните десничари кои кажаа дека Задиќ за време на војната во Босна пребегнала во Австрија и сега, како што рекоа планира да вовде “шеријатски закони” во Австрија.

Десничарите на социјалните мрежи пренесуваат информации дека најмладата министерка во историјата на Австрија имала многу врски со „исламистите”.

Партијата на зелените од чии редови доаѓа Задиќ, сметаат дека единствен проблем кои десничарите го имаат со новата министерка е тоа што таа не е „автохтона” Австријка.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче