Прва молитва преку звучник од џамија во Шведска

Од:

Џамијата во местото Фитја, во близина на Стокхолм доби дозвола од полициските власти за емитување на молитвите преку звучник поставен на минарето. Џамијата доби дозвола за емитување на молитвите преку звучник во траење од три до пет минути во петоците помеѓу 12 и 13 часот.

– На крајот сепак ја добивме дозволата и навистина сме многу задоволни. Ова е голема работа за муслиманите во Шведска. Сега ни претстои да обезбедиме соодветно озвучување на минарето – изјави Исмаил Окур, претседател на Исламското здружение во Ботширка.

Ова е првпат на една џамија во Шведска да и биде дозволено да практикува молитви преку звучници, така што овој случај би можело да биде преседан што ќе се применува на цела Шведска.

Мнозинството членови на Советот за општествена изградба во општина Ботширка, во која се наоѓа спомената џамија, пред извесно време ја поништија одредбата зацртана во урабанистичкиот план донесен пред изградбата на џамијата во 1994 година, дека не би смеело да се практикуваат никакви молитви со звучници од минарето.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло