Прв смртен случај од коронавирусот во Белгија

Од:

Белгиските власти го потврдија првиот смртен случај од новиот коронавирус, ковид-19, во земјата, јави дописничката на МИА.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за 90-годишен пациент хоспитализиран во Брисел.

-И покрај сета медицинска нега, денеска почина 90-годишен пациент, изјави министерката за здравство, Маги Де Блок.

Властите им изразија сочувство на членовите на семејството на починатиот, а прес конференција е предвидена претпладнево.

Белгија сѐ уште се наоѓа помеѓу втората и третата фаза на безбедност во однос на пандемијата, трите региони не успеваат да се усогласат за мерките.

Додека Брисел и Валонија преземаат построги мерки како откажување на собири со повеќе од илјада лица во затворени простори, властите во северниот регион Фландрија стравуваат пред сѐ за економските последици од таквите мерки.

Би можело да ве интересира

СЗО очекува „високи нивоа“ на Ковид-19 во текот на летото

А1он

На грчките острови Миконос и Милос позитивни над 50 отсто од направените тестови за Ковид-19

А1он

Во Албанија 550 нови случаи со Ковид-19, највисок број во последните три месеци

А1он

Над 20.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција

А1он

ЕУ ја продолжи употребата на сертификатот за Ковид-19 до јуни 2023 година

Ана Ололовска

Кина ги преполови карантинските денови за патниците кои пристигнуваат од странство

Ана Ололовска