Во Монголија е потврден првиот случај на новиот коронавирус кај француски државјанин кој работи во земјата, соопшти Националната комисија за вонредни ситуации.
Во соопштението се вели дека се работи за 57-годишен маж, кој патувал од Монголија во Франција, со преседнување во Москва.
Монголските валти идентификувале 42 лица со кои пациентот се сретнал и уште 120 со кои имал близок контакт.
Монголија ги прекина сите локални патувања во провинцијата Дорногови каде што работи пациентот.