Прв потврден случај на коронавирус меѓу припадници на бразилските племиња

Од:

Една припадничка на домородно население во село длабоко во Амазонија е заразена со коронавирус, што е прв случај меѓу повеќе од 300 бразилски племиња, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Се работи за 19 годишна девојка од племето Кокама, кое живее во близина на границата со Колумбија.

Девојката се заразила работејќи како медицинска сестра во нејзината заедница.

Во истиот округ се потврдени уште четири случаи на Ковид-19, меѓу кои и еден лекар, со што се зголеми стравот дека со вирусот можат да се заразат и оддалечени и незаштитени заедници.

Здравствените експерти предупредуваат дека ширењето на вирусот може да биде смртоносно за околу 850.000 домородни народи кои живеат во Бразил и кои веќе се десеткувани од болести донесени од Европејците, од сипаници до маларија.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски