Противракетни системи С-300 за Сирија – одговор на Москва за Израел

Од:

Русија во следните две недели на Сирија ќе и предаде современ противвоздушен систем С-300, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

– Сириските вооружени сили ќе добијат модерен систем за ракетна одбрана С-300 во рок од две недели. Системот е способен да пресретне средста за воздушен напад во круг поголем од 250 километри и истовремено да погоди неколку воздушни мети, посочи Шојгу.

Тој додаде дека Русија е приморана да преземе активни мерки за подобрување на безбедноста на руските војници во Сирија, алудирајќи на соборувањето на рускиот авион Иљушин 20 во Сирија, за што Москва ги обвини израелските военовоздухопловни сили.

Шојгу потенцира дека Русија во 2013 година на барање на Израел ја стопира испораката на системите С-300 во Сирија.

– Денес ситуацијата е сменета. И тоа не по наша вина, наведе Шојгу.

Тој го повтори ставот на Москва дека за соборувањето на рускиот авион во Сирија, при што загинаа 15 војници, виновни се израелските воени авиони.

– Израелските екипажи, совршено знаејќи ја ситуацијата во воздухот, се криеја зад руските авиони, што доведе до соборување и загуба на 15 наши војници. Ова не принуди како одговор да преземеме адекватни мерки со цел да се зголеми безбедноста на руските војници кои извршуваат задачи во борбата против меѓународниот тероризам во Сирија, потенцира Шојгу.

Тој додаде и дека Русија на Сирија ќе и испорача и современи автоматизирани системи за контрола на командните пункта на противвоздушната одбрана.

– Тоа ќе овозможи централизирано управување на сите сили и средства на протививздушната одбрана во Сирија… Најважно е што ќе биде гарантирана идентификацијата на сите руски авиони од страна на сириските стредства за противвоздушна одбрана, посочи Шојгу.

Во меѓувреме и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека доставата на руски ракетни комплекси С-300 е со цел да се зголеми безбедноста на руските војници во Сирија.

Тој одговарајќи на прашањето за односите со Израел, посочи дека „одлуката не е насочена кон ниту една трета земја“.

Порталот „Раша тудеј“ објави дека испораката на системите С-300 се дел од одговорот поврзан со минатонеделното соборување на рускиот авион Иљушин 20, додека се враќаше во базата Хмејмим. Авионот по грешка беше соборен со ракета од Ес-200 на сириската противвоздушна одбрана.

Претходно, Министерство за одбрана на Русија наведе дека израелските авиони го користеле рускиот авион како штит и го изложиле на нападот на сириската противоздушна одбрана.

Израелската армија повтори дека акциите на нејзините авиони не се причина за соборување на рускиот авион Иљушин 20.

Израелската армија вчера соопшти дека нејзините авиони не го користеле руското летало како штит и оти биле во израелскиот воздушен простор кога бил соборен Иљушинот од страна на сириската противвоздушна одбрана.

– Безопасноста и здравјето на руските војници во Сирија се клучен елемент при секое одобрување на определена акција, дадено од високите офицери во израелската армија, се посочува во соопштението на изралската војска.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година