Протестите во паркот Гези продолжуваат наспроти понудата за референдум

Од:

Протестите во паркот Гези продолжуваат, иако турската Влада синоќа понуди распишување референдум за плановите за градба во Истанбул, поради што почнаа демонстрациите на 31 мај годинава.

Сепак, демонстрантите се сомничави и не веруваат во одржувањето на фер референдум, поради што продолжуваат протестите во паркот Гези.

Во Анкара доцна синоќа избувнаа судири, а полицијата употреби солзавец и водени топови за растурање на околу 2.500 демонстранти што поставија барикади на патот кон канцелариите на Владата, пренесува Танјуг.

Референдумот е предложен по вчерашната средба на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган со група од 11 активисти, вклучително академици, студенти и уметници во Анкара.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски