Протести во Вашингтон додека Врховниот суд ги слуша аргументите за случајот со кој се легализираше правото на абортус

Од:

Стотици луѓе кои го поддржуваат правото на абортус и нивните противници се собраа денеска пред Врховниот суд на САД, кој почна да ги сослушува аргументите во случајот што може да ја поништи пресудата Ро против Вејд од 1973 година со која се легализираше абортусот на национално ниво.

dobivaj vesti na viber

Се очекува конечната пресуда да биде донесена до јуни, следната година.

Ривалски групи демонстранти стоеја блиску една до друга обидувајќи се да се надгласаат.

Активистите за абортус извикуваа „Што сакаме? Пристап до абортус. Кога? Сега“.

Противниците на абортусот носеа огромни транспаренти на кои пишуваше „абортусот е убиство“, а некои носеа крстови и свиреа христијанска музика.

Судиите го разгледуваат барањето на државата Мисисипи за враќање на државниот закон од 2018 година за забрана на абортусот по 15-та недела од бременоста, кој беше блокиран од пониските судови.

Во одлуката во случајот Ро против Вејд, која беше потврдена во 1992 година, судот заклучи дека сојузните држави не можат да забранат абортус пред фетусот да биде способен за живот надвор од матката, што според лекарите е некаде меѓу 24 и 28 недела од бременоста. Законот во Мисисипи забранува абортус по 15-тата недела од бременоста. Оваа сојузна држава бара од Врховниот суд да ги поништи сите претходни одлуки и да го врати прашање за абортусот на гласање во секоја поединечна држава.

Пресудата во Ро против Вејд призна дека уставното право на приватност ги штити жените кои сакаат да абортираат. Во одлуката од 1992 година, во случајот „Планирано родителство во Југоисточна Пенсилванија против Кејси“, судот ја потврди таа одлука и ги забрани законите кои „непотребно ги оптоваруваат“ жените кои сакаат да абортираат.

Противниците на абортусот се надеваат дека Врховниот суд ќе ја намали или поништи одлуката во случајот Ро против Вејд.

Судот, во кој конзервативците имаат мнозинство од шест спрема три гласа, се согласи да го сослуша случајот, што не е добар знак за застапниците на абортусот, рече Хајди Сик, директорка и ко-основач на проектот за мобилизација на гласачите #VOTEPROCHOICE, кој промовира кандидати кои го поддржуваат правото на абортус.

Противниците на абортусот пред Судот рекоа дека очекуваат судиите да го ограничат правото на абортус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање на парада во САД, има мртви, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

ВИДЕО: Полицијата во Охајо со 60 куршуми застрелала Афроамериканец, објавената снимка предизвика протести

Катерина Павлова-Николовска

Застапниците за правата на абортусот маршираа низ центарот на Лос Анџелес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Телата на трите деца и нивната мајка пронајдени во езеро во Минесота

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицијата во Охајо убила уште еден Афроамериканец, утре протест

Ана Ололовска

ВИДЕО: Исчезна мајка со три деца во Минесота, во езеро пронајдени телата на две од децата

Ана Ололовска