Протести во Романија поради „Шеврон“

Од:

Неколку илјади Романски граѓани вчера протестираа против плановите на американската компанија „Шеврон“ да експлоатира природен гас од шкрилци во регионот на Барлад, на исток на Романија.

-Имам три деца и сакам да живеат во здраво опкружување со незагадена вода. Експлоатацијата на гасот е закана за водата – изјави 39-годишна болничарка од Барлад, Алина Секриеру.

Начинот за добивање гас од шкрилци е забранет во држави како што се Франција и Бугарија, но се користи во некои држави во САД.

Активистите за животна средина сметаат дека таквиот метод претставува сериозна закана за исправноста на водите, но може да предизвика и земјотреси.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија