Протести во јужна Кина поради одземање на селско земјиште

Од:

Селаните од едно село во јужна Кина се судрија со полицијата за време на протестите поради спорот околу сопственоста на едно земјиште.

Жителите на Шангпу, во најбогатата кинеска провинција Гуангдонг, го зазедоа централниот плоштад во селото и го окупираа од минатиот петок, тврдејќи дека корумпираните локални функционери продаваат селска земја.

Припадниците на изнајменото обезбедување, кое го ангажирале локалните власти се обиде во неделата да ги отстрани селаните од плоштадот, но тие се протерани по судирите и немирите, во кои се забележани сцени на демолирање на 30 автомобили.

Полицијата, која беше испратена да го испразни плоштадот, исто така е вовлечена во судирите. На сајт на властите во округот Џиеси е објавено дека шест лица се уапсени, а властите ги повикуваат локалните жители да го напуштат плоштадот.

Жител од соседното село изјави дека селаните и натаму се наоѓаат на плоштадот и оти сакаат да го повторат успехот од сличен спор од минатата година, кога едно друго село во таа област, Вукан, стана симбол на отпор против корумпираните власти во Кина.

Во Вукан протестите почнаа во септември 2011 година и сите ги доживуваа како уште еден настап на општествени немири во Кина, во која одземањето на земјиште од селата, заради изградба на фабрики, стана избор на големо незадоволство.

Меѓутоа смртта на селскиот старешина, кој беше два месеци во затвор доведе до експлозија на незадоволство и блокади на патиштата, кои водат до селото. Локалните жители се забарикадираа и успешно се спротивставуваа една недела на обидите на полицијата да влезе во селото. Тогаш неочекувано локалните комунистички власти, по налог на Пекинг, попуштија, ветија истрага околу одземањето на земјата, го пуштија од затвор лидерот на бунтот и им овозможија на селаните да го изберат локалното раководство на изборите, кои сами ги организирале.

Првите слободни избори во Вукан се сметаат за победа на локалните жители над локалната бирократија, но многумина велат дека по нив во реалноста малку работи навистина се промениле.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он