Протести во Индија поради формирање на нова сојузна држава

Од:

Во југоисточна Индија избија протести откако премиерот Манмохана Синг вчера донесе одлука за формирање на нова сојузна држава, со име Телангана.

Демонстрантите ги блокираа патиштата и улиците во крајбрежните региони на државата Андра Прадеш по одлуката за поделба на тој регион и создавање на Телангана, која ќе биде 29 индиска сојузна држава, откако ќе биде одобрена во Парламентот.

Новата држава ќе биде формирана на сиромашна територија, подложна на суши, за која нејзините заговорници тврдат дека била занемарувана од Владата на Андра Прадеш.

Регионалниот информатичко-технолошки центар Хајдерабад ќе биде заеднички главен град за двете држави во следните 10 години. Противниците се незадоволни бидејќи Хајдерабад, седиште на многу информатички и фармацевтски компании, ќе биде главен град на двете сојузни држави.

Новата држава, која нема излез на море, е една од најнеразвиените индиски региони. Кампањата за нејзино отцепување трае веќе 50 години.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка