Протести против назначувањето на Мадуро за претседател на Венецуела

Од:

Илјадници луѓе излегоа на протести улиците во главниот град на Венецуела, Каракас, против прогласувањето на Николас Мадуро за нов претседател на државата.

Тие извикуваа „измама“, удираа во тенџериња и палеа вреќи за ѓубре.

Каприлес бара ново пребројување на гласовите. Според него, на изборите имало 3200 инциденти кои треба да се истражат.

Тој ги повика своите приврзаници на протести.

Демонстрантите напаѓаа со камења и стапови, а полицијата употреби солзавец.

Според американскиот претседател Барак Обама, проверката би била „важен, мудар и неопходен чекор“, а ново пребројување на гласовите побара и Организацијата на американски држави која на венецуелските власти им понуди помош преку тим експерти за избори.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски