Протести против исламски екстремизам во Австралија

Од:

Во 16 австралиски градови денеска се одржаа протести против исламски екстремизам, „исламизација“ на австралиското општество, исламскиот шеријатски закон и халал сертификатите.

Протестите се организирани од групата „Да ја вратиме Австралија“, која се судри со контра-демонстранти. Во судирот има неколку повредени. Контра-демонстрантите спонтано се собрале и излегле со цел да се спротивстават на ресизмот.

Најжестоките судири беа во Мелбурн, вториот по големина град во Австралија, каде полицијата интервенирала да ги раздели групите.

Претставник на локалната итна помош изјави дека здравствените работници пружиле лекарска помош на четворица повредени, од кои тројца имале полесни повреди.

Портпаролката на полицијата Белинда Бети изјави дека полицијата уапсила двајца мажи и две жени поради тепачка во центарот на Мелбурн.

Претставничката на групата „Да ја вратиме Австралија“ Кетрин Бренан изјави дека тие се залагаат за про-австралиски вредности и против екстремен ислам, но дека не се против муслимани. Таа истакна дека учесниците на протестот немаат никакви расни мотиви и дека на протестот учествувале луѓе од разни социјални групи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он