Протести на италијанските новинари поради прислушкување на нивните телефонски разговори

Од:

Италијанските новинари и пратеници протестираат против прислушувањето на телефонските повици на новинарите, во текот на истрагата за либиските групи за трговија со мигранти и хуманитарни спасувачки групи, за кои токму новинарите известувале.

Италијанскиот весник „Домани“ денеска објави дека меѓу разговорите што пред неколку години ги преслушувале истражителите имало и новинари од граѓанските и од католичките италијански медиуми, па дури и од државната телевизија РАИ.

Примо Ди Никола, сенатор на популистичкото движење „Пет ѕвезди“, кој е во собраниската комисија за надзор над работата на РАИ, изјави дека предлага усвојување на закон што ќе ги штити новинарите од прислушкување на телефонските разговори со нивните извори.

Истрагите со прислушувањето на новинарите биле спроведени пред неколку години, кога сега веќе поранешните официјални претставници на италијанската Влада со сила ги разбиваа активностите на бродовите на хуманитарните организации што спасуваа мигранти на Средоземното море од бродовите на трговците со луѓе.

Новинарскиот синдикат „Национална италијанска прес-федерација“ го осуди прислушувањето. Синдикатот побара да се знае кој тоа го одобрил и ако се утврди дека целта била откривање на изворите на новинарите, тогаш да се знае дека нивните професионални права биле повредени.

-Тоа е многу сериозно кривично дело доколку тоа бил начин да се откријат нивните извори. Заштитата на изворите е основа за работата на новинарите, рече Ди Никола.

Стотици страници транскрипти од телефонски разговори се дел од материјалот на истрагата спроведена од обвинителите во Трапани, на Сицилија, за активностите на хуманитарните спасувачки групи. Овие записници, наводно, содржат имиња на изворите и контактите.

Засега нема коментари од италијански обвинители, кои вообичаено не зборуваат за тековните истраги.

Би можело да ве интересира

Италија: По примање прва доза вакцина, смртноста од Ковид-19 намалена за 95 отсто

Мери Јордановска

Италија го казни Гугл со над 100 милиони евра

Ана Ололовска

Италија сака да овозможи влез на патници без задолжителен карантин

Ана Василевска

Италијанската крајбрежна стража пресретна четири брода со 500 мигранти

Специјалци во повеќе европски земји координирано ја нападнаа италијанската мафија Ндрангета

Жарко Настоски

Италија за десетина дена го отвора туризмот, најави премиерот Драги

Жарко Настоски