Протести и насилства во предградие на Стокхолм

Од:

Насилни протести се одржани втора ноќ по ред во предградие на Стокхолм во кое живее бројна имигрантска популација.

Демонстрантите запалиле возила и гаѓале со камења врз полицијата и припадниците на службите за вонредни состојби.

Во ноќта меѓу четвртокот и петокот полицијата патролираше во предградието каде живее поголем дел од сириска и ерменска дијаспора, како и ирачки бегалци од неодамна, кога едно каменче го погоди задното стакло на автомобилот.

Кога полицијата тргна во потрага по извршителите, демонстрантите запалија гуми на мостот и со бензин полеаја неколку автомобили, кои потоа и ги запалија.

Во петокот вечерта, полицајците повторно се судрија со локалците од ова стокхолмско предградие.

Во Шведска минатата година пристигнаа речиси 170.000 мигранти.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло