Протест од Аргентина по предлогот за преименување на главниот град на Фокландите

Од:

Владата во Буенос Аирес остро протестираше против предлогот на неколкумина британски пратеници, за преименувањето на главниот град на Фокландите, од Порт Стенли, во Порт Маргарет.

Ваквиот предлог е даден во чест на неодамна починатата поранешна британска премиерка Маргарет Тачер, како гест на почит за нејзините заслуги за ослободување на градот и Островите, по инвазијата на аргентинската армија од пред 31 година.

Тачер која во 1982 година, кога Аргентина ги запоседна Фокландите, што од 1833 година се под британска контрола, беше премиер нареди со воена сила да се поврати суверенитетот на Велика Британија врз овие одалечени острови во Јужниот Атлантик, испрати моќна армада од 127 воени бродови.

Во војната што потоа се разви и траеше 74 денови, загинаа на двете страни околу илјада војници, двојно повеќе Аргентинци.

Министерот за надворешни работи на Аргентина Хектор Тимерман остро се спротивстави на предлогот за преименување на Порт Стенли. Може градот сега да го нарекуваат Порт Маргарет,или Порт Маргарита,или Маргарона,но тоа нема да биде прифарено од Аргентина и од никого,затоа што би значело прекршување на резолуцијата на ОН, изјави Тимерман во Буенос Аирес.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски