Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан – приоритет на Ирското претседателство

Од:

Ирска силно ќе го поддржува влегувањето на земјите од Западен Балкан во Европската унија и токму проширувањето на Унијата со привлекување на Македонија, Србија и Албанија е еден од приоритетите на Ирското претседателство со ЕУ кое официјално започна вчера и ќе трае шест месеци.

Во официјалното претставување на приоритетите на Ирска во водењето на ЕУ до летото 2013 година, економското опоравување, растот и вработувањето се први на листата приоритети, но не е заборавено ниту проширување, јавува дописникот на МИА од Брисел.

– Ирска силно ќе го поддржи пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние ќе се залагаме и за идните граѓани на Унијата, оние што живеат во нашето соседство и се надеваат на влез во ЕУ – порача ирската министерка за европски прашања Лусинда Крејтон.

Според Крејтон, за време на седмиот циклус претседателствување на Ирска со ЕУ, оваа држава ќе посвети големо внимание и ќе даде дополнителни напори во врска со проширувањето. Всушност, токму Ирското претседателство со Унијата во 2004 година беше одбележано со најголемото проширување на ЕУ, кога дури десет земји се приклучија на “големото европско друштво”.

– Ќе настојуваме да ги забрзаме пристапните преговори со Исланд, но и ќе gi поттикнеме преговорите со Турција – додаде министерката Крејтон, давајќи надеж на Македонија и останатите земји-кандидати и потенцијални кандидати дека на десетгодишнината од Солунската декларација, Унијата ќе го задржи ветувањето дека ќе продолжи непрестано да се шири.

Инаку, според очекувањата, врвен приоритет на Ирското претседателство ќе биде обидот да се извади Брисел од економската криза. Поради тоа, мотото на ова шестмесечно водење на ЕУ е “стабилност, вработување, раст”.

– Ќе настојуваме да ја вратиме стабилноста во Еврозоната и во економијата во ЕУ. Важен приоритет ќе ни биде вработувањето на младите, иако мора да бидеме реални со оглед на рекордното ниво на невработени млади лица и рецесијата во еврозоната – порача ирскиот заменик-премиер Ејмон Гилмор.

Посебно внимание, Ирците најавуваат дека ќе се пoсвети и на договорот за слободна трговија со САД, но и на конкурентноста на пазарот и развој на дигиталниот сектор, за што на крајот на Ирското претседателство со ЕУ, во јуни оваа година, во Брисел е најавено и одржување на дигитално Собрание.

Инаку, Ирска е земја која е во се уште зависи од помошта на Унијата и е дел од програмата спасување на Еврозоната, иако се најавува дека дефинитивно ќе може сама да се грижи за себе од 2014 година. Сепак, земјата не влезе во економска криза поради преткризното вложување во инфраструктурата, образованието и во индустријата на високата технологија, за што Македонија одамна добива позитивни оценки од ЕУ и е посочена како земја која благодарение на дел од токму такви мерки успеа да не ја зафати силниот бран на кризата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија