Проширени санкциите за Северна Кореја

Од:

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ги прошири санкциите за Северна Кореја, откако во септември земјата ја изврши петтата и досега најголемата нуклеарна проба, а со новите казнени мерки Пјонгјанг, по првпат, е ограничен со извоз на јаглен. 

Резолуцијата за новите санкции е усвоена со 15 гласови „за“ и ниту еден против, на чело со САД, по тримесечните тешки преговори со Кина, една од членките на Советот која има право на вето. 

Со новите санкции е проширена и „црната листа“ на Советот за безбедност, на која и се додадени уште 11 државјани на Северна Кореја, вклучително и поранешните амбасадори на земјата во Египет и Мјанмар, и 10 лица. 

САД и другите постојани членки на Советот на ОН со право на вето – Русија, Кина, Велика Британија и Франција – преговараа за новите санкции како одговор на нуклеарната проба која Северна Кореја ја изведе на 9 септември. 

Неименувани дипломати најавија во понеделникот дека новата резолуција првпат значително ќе го ограничи севернокорејскиот извоз на јаглен, намалувајќи го за најмалку 62 отсто – на 7,5 милиони тони, во вредност од околу 400 милиони долари. 

Според податоците на „Глобал трејд атлас“, Кина оваа година увезла од Северна Кореја јаглен во вредност од околу милијарда долари, и покрај казнаниот режим кој претходно беше на сила. 

Дипломатите најавија дека со нивите санкции ќе бидат опфатени и 11 владини претставници и 10 лица кои се поврзани со програмата на нуклеарно вооружената земја.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња