Пронајдено е девојчето кое исчезна пред шест години: Мајка и не ја донела дома, сега е уапсена

Од:

Кајла Унбехаун (9) исчезна во Илиноис во 2017 година и беше киднапирана од нејзината мајка, а девојчето сега е пронајдено во Северна Каролина.

Нејзиниот случај доби огромно медиумско внимание, но полицијата со години не можеше го најде девојчето.

Во времето на киднапирањето, таткото на девојчето, Рајан, го имаше старателството над девојчето, кое го остави кај нејзината мајка Хедер тој викенд на почетокот на јули 2017 година. Кога дојдел да ја земе на 5 јули, не ги најде дома.

Полицијата во Илиноис потврди дека Кајла последен пат е видена на 4 јули 2017 година. Американскиот национален центар за исчезнати деца објави нејзина фотографија и информации па беше започната потрага.

Центарот за исчезнати деца објави и фотографија од тоа како може да изгледа Кајла денес, а случајот е расветлен во документарното шоу на Нетфликс „Нерешени мистерии“, што, како што пренесува ABC Чикаго, наводно доведе до пронаоѓање на девојчето.

Имено, според американските медиуми, сопственик на продавница во трговски центар во Ешвил, Северна Каролина, ја препозна Кајла и ја контактираше полицијата.

Од полицијата ја потврдија оваа вест и изјавија дека мајката е уапсена.

Откако го пронајде детето, таткото на Кајла изјави дека е пресреќен што таа е дома и безбедна.

„Ви благодариме на сите што помогнаа во потрагата. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност додека повторно се запознаваме“, рече таткото на Кајла.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски