Пролетта се ближи во Шведска – зимата воопшто не ни дојде

Од:

Во текот на претстојниот викенд на повеќе места во јужна Шведска со голема веројатност се очекува да бидат измерени температури соодветни на т.н. метеоролошката пролет, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Лесно може да се помисли дека пролетта доаѓа како и обично да ја замени зимата, но во суштина тоа не изгледа баш така.

Десетина метеоролошки станици во Шведска годинава воопшто немаат регистрирано зимски температури, јави Шведското радио.

Директно од есен преоѓаме на пролет, вели Маркус Сјостед при шведскиот хидрометеоролошки завод, СМХИ.

Отсуството на регистрирани зимски температури веќе и не се смета за некаква невообичаена појава во северните делови на Европа.

Во гратчето Фалстербо, во јужната шведска област Сконе, зима во класична смисла на зборот отсуствува уште од 1987 година.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло