Прогресивната партија на Брзил се повлече од коалицијата со Дилма Русеф

Од:

Бразилската Прогресивна партија соопшти дека се повлекува од коалицијата со претседателот Дилма Русеф, предизвикувајќи нов удар за шефот на државата која се соочува со импичмент.

Прогресивците, четврта по голема парламентарна партија и нејзините 47 пратеници објавија дека ќе гласаат за покренување постапка за импичмент (отповикување) на претседателот.

Минатиот месец, од владејачката коалиција, што ја предводи Работничката партија на Русеф, се повлече и најголемиот партнер во власта, партијата ПМДБ, која исто така објави дека ќе гласа за импичмент.

Опозицијата на која и се приклучија и две партии од досегашниот владејачки блок, ја обвинуваат Русеф дека манипулирала со податоците за државниот долг на земјата, сокривајќи ја вистината за задолженоста на Бразил.

Претседателката ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека против неа се прави заговор за спроведување „државен удар“ со кој таа би била тргната од власта.

Бразилскиот Конгрес (Парламентот) има 513 пратеници. За изгласување на постапката за импичмент, за која потоа одлучува Сенатот, се потребни 342 гласови.

Поседните истражувања покажуваат дека за отповикување на Русеф ќе гласаат 300 пратеници, 125 се против, а 88 се уште не се определиле.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он