Продолжува потрагата по преживеани од прeвртениот брод крај Либија

Од:

Спасувачките екипи досега пронајдоа 373 преживеани имигранти од бродот што вчера се преврте во Средоземното Море во близина на брегот на Либија, соопшти денеска италијанската Крајбрежна стража, додавајќи дека продолжува потргата по уште околу 200 лица.

Како што јави ДПА, според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) на бродот, што исловил од Либија, имало околу 600 имигранти по потекло од Африка.

Спасувачките екипи досега проднајдоа тела на 25 удавени имигранти.

– Малку е веројатно дека ќе бидат пронајдени уште преживеани, изјави Мартин Ксуереб, претставник на спасувачкиот тим МОАС, со седиште во Малта, чии членови се вклучени во спасувачката акција на превртениот брод.

Бродот вчера претпладене испловил од Либија, но по изминати само 22 наутички милји, кога се наоѓал на 110 километри северозападно од Триполи, испратил повик за помош, на што одговорила италијанската крајбрежна стража од базите на Сицилија.

Според медиумите, кога до бродот се доближил првиот спасувчки чамец, поголемиот број од имигрантите се префрлиле на едната негова страна, по што тој се превртел.

Портпаролот на Канцеларијата на УНХЦР во Италија, Федерико Фоси, соопшти дека постои стравување оти еден дел од имигрантите биле во подпалубниот простор на бродот и таму останале заглавени по неговото превртување.

Во меѓу време, како што соопште италијанската Крајбрежна стража, на околу 30 наутички милји од Либија денеска се превртел уште еден брод, од кој биле спасени сите 381 илегални имигранти и членови на екипажот.

Од почетокот на годинава во обид да стигнат до Европа во водите на Средоземното Море се удавија над 2.000 имигранти.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија