Пристигна хуманитарна помош во Хомс

Од:

Хуманитарната помш на Обединетите нации стигна до последното упориште на бунтовниците во сирискиот град Хомс, за првпат во последните шест месеци, соопштија денеска сириските активисти.

– Во вторникот и средата, 30 камиони со помош пристигнаа во квартот Ваер, првпат во последниве шест месеци, рече Рами Абдел Рахман од Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Абдулах ал-Хомси, активст од подрјачјето кое е под контрола на бунтовниците, преку интернет соопшти дека со камионите е доставено 20.000 пакети храна, санитарна опрема, шатори и ќебиња.

Во мај силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад, повторно презедоа контрола вра стариот дел на градот Хомс, кој бунтовниците го држеа цели две години.

Околу 15.000 луѓе, се уште се наоѓаат во квартот Ваер, кој сириската војска и натаму продолжува да го бомбардира.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски