Припадници на обезбедувањето на аеродромот во Виена обвинети за трговија со луѓе

Од:

Припадници на обезбедувањето на аеродромот во Виена се обинети дека организирале патување на илегални имигранти во авиони за САД и Велика Британија, соопшти австриското обвинителство.

На тој начин биле превезени најмалку 11 лица, кои не биле подложени на проверка од пограничната полиција и кои добиле вистински авионски билети, пишува весникот „Курир“.

Двајца припадници на обезбедувањето по потекло од Шри Ланка се во притвор, а се води истрага против вкупно 13 лица, изјави портпаролот на обвинителството.

Тие работеле за фирма, поврзана со австриската авиокомпанија „Аустријан дерлајнс“. Осомничените купувале билети преку пријатели, а потоа им ги давале на „клиентите“ и ги внесувале во патничката зона преку службен влез.

Повеќето илегални имигранти биле граѓани на Шри Ланка. За услугата осомничените добивале од седум илјади до девет илјади евра по патник.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче